понеделник, 8 декември 2025
ПУБЛИКАТА БЕШЕ ТАА КОЈА ПОСЛЕДНА СЕ СМЕЕШЕ

Роналдо ги провоцираше Ирците дека „плачат“, па доби црвен (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо беше исклучен на натпреварот помеѓу Ирска и Португалија откако со лакт удри противнички играч, црвениот картон беше дочекан со воодушевување кај домашната публиката.

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо нема по добро да го памети денешното гостување во Даблин, за прв пат во својата карира доби директен црвен картон во дресот на Португалија.

По еден час игра на „Авива Стадионот“, судијата со помош на ВАР го исклучи напаѓачот поради тоа што со лакт удри противнички играч.

Црвениот картон беше дочекан со воодушевување кај домашната публика, само пет минути претходно, Кристијано Роналдо имаше еден гест со кој покажуваше дека Ирците плачат.

Самиот ЦР7 со насмевка го прифати исклучувањето, па иронично со аплауз и се заблагодари на публиката, а на патот кон соблекувалната му порача на селекторот на Ирска дека многу зборува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ