Португалецот постигна два гола во убедливата победа на Ал Наср од 5-2 против Ал Наџма во 27. коло од првенството на Саудиска Арабија.
Роналдо беше клучен во второто полувреме, кога најпрво погоди од белата точка во 58. минута, а потоа повторно ја затресе мрежата во 73. минута. Со овие два погодоци стигна до бројката од 967 голови во кариерата.






