сабота, 27 декември 2025

Роналдо 14. година по ред ја минува границата од 40 голови (ВИДЕО)

Возраста се зголемува, но бројките не се намалуваат, Кристијано Роналдо и оваа година ќе ја заврши со најмалку 40 постигнати голови.

Објавено на

часот

Сподели

Ал Наср ја продолжи победничката серија во првенството на Саудиска Арабија откако со 3-0 го совлада Ал Охдод на домашен терен.

Роналдо даде два од трите гола за својот тим, малку недостасуваше да дојде и до хет-трик, неговиот трет погодок беше поништен поради офсајд.

Со денешните два гола Роналдо ја мина бројката од 40 голови во календарската година. Со тоа тој врза 14 години со по 40 или повеќе погодоци.

Роналдо дојде до 956 голови во кариерата, му остануваат уште 44 до јубилејот од 1.000 погодоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ