Ромарио е едно од најголемите имиња во историјата на бразилскиот фудбал, но и еден од најдобрите стрелци во светски рамки. Иако неговиот престој во редовите на Барселона беше релативно краток (од 1993 до 1995 година), сеќавањето и љубовта кон „каталонците“ остануваат вечни – барам така откри самиот во едно неодамнешно интервју.
Тој беше запрашан што ќе одбере, настап во дресот на Аргентина, вечниот ривал на Бразил, или настап во Реал Мадрид, вечниот ривал на Барселона.
„Два големи тимови. Би ја одбрал Аргентина, навивач сум на Барселона до смрт!“ – рече Ромарио и изнуди насмевка од водителите.
A Romario le hacen elegir entre haber jugado con el Real Madrid o con la selección de Argentina.
La respuesta es cine. pic.twitter.com/H4KJgmrrRT— 𝐄𝐋 𝐁𝐀𝐋𝐎𝐍 𝐃𝐄 𝐈𝐂𝐀𝐑𝐎 (@GloboIcaro) September 29, 2025
ФОТО: X/FC Barcelona






