понеделник, 8 декември 2025

РК Вардар со специјално лого го одбележува 65. роденден на клубот

Вардар игра јубилејна сезона, црвено-црните слават 65 години од формирањето на клубот, по тој повод отсега па до крајот на сезоната македонската гордост ќе има посебно лого.

Објавено на

часот

Сподели

„Во чест на одбележувањето на 65 роденден на клубот, ви го претставуваме официјалното лого кое симболично ја отсликува историјата и славното минато на големиот Вардар, а кое до крајот на јубилејната сезона ќе ги краси и дресовите во кои ќе настапува нашиот тим!

Клуб за сите генерации претставува омаж на ракометните легенди, спортските работници и навивачите кои шест и пол децении заедно ја создавале црвено-црната приказна која со истиот став, стремеж и емоција продолжува да живее и понатаму!

Во таа насока, ги покануваме сите навивачи на дерби натпреварот против Алкалоид, кој ќе се одигра во недела во ракометниот храм со почеток од 18:30ч“, стои во соопштението на клубот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ