ЕМОФ беше во центарот на вниманието на македонската јавност во изминатиот период, не поради резултатите и случувањата на спортските борилишта, туку по низата критики за организацијата кои секојдневно излегуваа.
Министерот Борко Ристовски сега открива дека тие побарале да бидат откажани игрите или да бидат намалени на 1.000 учесници, но биле одбиени под изговор дека е доцна.
„Јас не сум го кажал во јавноста до сега, меѓутоа ова е убава прилика и благодарам на можноста да го кажам, а тоа е дека Министерството за спорт во месец март или април, не се сеќавам, јас лично имав разговор со претседателот на Европскиот Олимписки комитет во насока да укажеме дека како држава ги немаме тие спортски комплекси кои Олимпискиот комитет и градот Скопје си го преземале како обврска со потпишување на договор за организирање на еден вака голем и масовен настан. Ние предложивме или да се откаже Олимпијадата што за младинци што се одржува во Македонија, или таа да се редуцира на 1.000 учесници за коишто можеме како држава да дадеме гаранции. Бевме одбиени, бевме одбиени од причина што веќе било премногу касно за да се откаже Олимпијадата за младинци, што е и до некаде разбирливо, меѓутоа имаше обид и кажавме ние дека дека ние немаме капацитет за да за да организираме вака еден масовен настан“, вели Броко Ристовски во дел од интервјуто дадено за „Радио Слободна Европа“.
Тој вели и дека министерството за спорт нема никакви законски мерки ниту можности да биде организатор на ова натпреварување. Туку организатор е Олимпискиот комитет на Македонија.






