Тоа е сумата која ќе ја поделат одбојкарите за новиот успех кој го направија, пласманот на Европското првенство кое четврти пат ќе го играме во континуитет.
„Честитки за пласманот на Европско првенство. Ви благодарам за се што правите за Македонија, некои подолго, некои сега почнуваат, меѓутоа генерално ви благодараиме за се. Ние како министерство и како држава секогаш ќе стоиме зад успешни федерации, зад успешни приказни во спортот, па во разговор со претседателот на федерацијата, на негов предлог кој ние го прифативме, вие ќе добиете премија од три милиони денари од државата за пласманот на Европското првенство“, рече Борко Ристовски.






