недела, 22 февруари 2026

Ристовски и Елези му донесоа победа на Сараево (ВИДЕО)

Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Агон Елези имаа главна улога во убедливата победа на Сараево од 3-0 против Посушје во 22. коло од шампионатот на Босна и Херцеговина.

Објавено на

часот

Сподели

Домаќините рано ја најавија победата. Во 14. минута по корнер од десната страна, Ристовски најдобро се снајде на втората статива и со удар со глава ја затресе мрежата за водство од 1-0. Сараево ја зголеми предноста во 33. минута, кога по лоша реакција на одбраната на Посушје, топката стигна до Елези, а тој без двоумење реализираше за 2-0.

Елези продолжува со одличните партии оваа сезона и веќе има пет гола, додека Ристовски има два.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ