вторник, 17 март 2026

Ридигер: Ако сакав да го повредам, немаше да стане (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Ливерпул, Антонио Ридигер одговораше и на прашање за инцидентот кој пред извесно време се случи кога го прегази играчот на Хетафе, Диего Рико, но не доби никаква санкција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ридигер беше дел од прес-конференцијата на Реал Мадрид по повод денешниот меч против Сити од Лигата на шампионите. А новинарите го искористија неговото присуство да го прашаат и за грозниот стартер.

Диего Рико тогаш рече дека Ридигер намерно го удрил и не добил санкција дека е само играч на Реал Мадрид. А ако тој направел таков прекрошок ќе добиел суспензија од 10 натпревари.

Ридигер денеска го даде својот одговор.

„Кога ја гледате забавената снимка, изгледа грдо. Но не го убив, иако тој зборува како да сум го убил. Не треба да се претерува. Да сакав да одам со намера да го повредам, тој немаше веќе да стане“, вели Ридигер.

„Видовте како трочаше потоа, а јас останав во игра. Не беше тоа фаул за црвен картон. Не сака да го повредам. Секогаш се борам и давам се од себе. Неговата изјава е претерана“.

Изјавата на Рико која ја даде тогаш:

„Беше чин на агресија. Знаев дека оди на мене со намера да ме повреди. Видовте како го оттурна својот соиграч за да дојде до мене и ми го уништи лицето. Да ме удреше поинаку, можев да останам да лежам таму на теренот и никогаш повеќе да не станам. Јас да направев таков потег, би добил забрана за играње од десет натпревари и не би играл до крајот на сезоната“, рече тогаш Рико.

Стартот на Ридигер врз Рико, проценете сами:

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ