Рибакина одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-4 и поведе со 1-0.
Во вториот сет Сабаленка доби еден брејк и исто така со 6-4 го доби сетот за израмнување на 1-1.
Најинтересен беше последниот, решавачки сет. Сабаленка ја продолжи добрата серија од вториот сет и поведе со 3-0 во третиот.
Но, потоа следуваше неверојатна серија на Рибакина која се крена по еден совет од тренерот и освои дури пет гема по ред поведувајќи со 5-3.
Сабаленка конечно го доби својот сервис и намали на 5-4, но не успеа да се одбрани и од сервисот на Рибакина која го доби сетот со 6-4 и победи со 2-1.
За Рибакина ова е втора грен-слем титула, а прва на Австралија опен, претходно го има освоено Вимблдон.






