сабота, 14 јуни 2025

РФМ постави четворица нови селектори на младинските селекции

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска назначи четири нови селектори во младинските репрезентации и тоа во женските до 15, 17 и 19 години, како и во машката до 17 години.

Објавено на

часот

Сподели

Управниот одбор на РФМ донесе одлука да го постави Симе Симовски за селектор на женската македонска репрезентација до 19 години, додека Даниела Новеска ќе ги предводи девојките до 17 години.

Горан Кузманоски ќе биде предводник на машката репрезентација до 17 години, додека Славиша Димитријески доби улога на селектор за женската национална селекција до 15 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ