четврток, 29 мај 2025

РФМ ја одреди цената на билетите за натпреварот со Литванија

Ракометната федерација на Македонија информираше дека од петок, 2 мај во продажба ќе бидат пуштени билетите за мечот против Литванија.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија на 11 мај ја пречекува Литванија, тоа е последниот меч од квалификациите за Европското првенство. Нашите ракометари претходно на 8 мај гостуваат кај Естонија.

Цените на билетите ќе чинат 200 и 300 денари, а продажбата почнува од петок 12 часот на интернет страницата на МК Тикетс (mktickets.mk), а влезници ќе можат да се купат и на продажните места на МК Тикетс низ државата.

Натпреварот е закажан за во терминот од 18:00 часот. Во групата Македонија по четири одиграни меча има два освоени бодови и се наоѓа на третата позиција.

Продажна мрежа – МК Тикетс

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Diamond Mall

• Литература – ТЦ Буњаковец

• ЛитератураМК – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• ЛитератураМК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• ЛитератураМК

• ТА Сафари

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ