понеделник, 8 декември 2025

РФМ го најави ракометниот караван низ Македонија

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефановски, со своите соработници денеска на прес-конференција го промовираше ракометниот караван кој треба да се случува во наредниот период.

Објавено на

часот

Сподели

Овој проект на РФМ треба да помогне на уште поголема промоција на ракометот во Македонија, а за тоа ангажирани се и некои од нашите ракометни легенди.

Првите активности треба да започнат во Охрид за време на ЕХФ неделата каде ќе биде стациониран и женскиот сениорски национален тим.

Во Охрид ќе се одржат првите настани, а веќе од февруари или март се планира почеток на натпревари во мини-ракомет за најмладите. Според планот на РФМ, секој месец ќе се посетуваат два до три града во Македонија каде ќе се организираат интерактивни активности со познати ракометни имиња. Целта е децата да научат за правилата на играта, да се дружат со своите идоли и да се мотивираат да станат дел од ракометното семејство.

„Сакам да го најавам и означам почетокот на ракометниот карван кој ќе сартува во Охрид на 20 септември, во салата „Билјанини извори“, на кој ќе учествуваат Филип Миркуловски, Индира Кастратовиќ, Елена Георгиевска итн. и ќе присуствуваат дечиња од школска возраст од Охрид, Струга, Ресен и околните места, а кои ќе се запознаат со ракометот како спорт и со нашите легенди. Се надевам дека тоа ќе придонесе за масовност во машкиот и женскиот дел. Почнуваме во Охрид, но продолжуваме на 18 и 19 октомври во Битола и Прилеп со околните градови. Во иднина ќе почнеме со мини-ракомет, подготовките за тоа се во тек“, рече Стефановски.

Проектот го поздрави и директорот на репрезентациите Филип Миркуловски кој целосно ќе се вклучи во него.

„Караванот е одлична идеја и мислам дека првпат се прави вакво нешто. Ракометот е спорт број 1 во земјава, но се уште повеќе деца тренираат фудбал и кошарка и токму тоа е целта, од најмала возраст да ги поттикнеме да тренираат ракомет. Ќе се обидеме да ги опфатиме сите градови во Македонија и на тој начин што побрзо да ги надградиме сите селекции“, додаде Миркуловски.

Генералниот секретар Влатко Тасевски најави дека Охрид и Битола ќе бидат само почетни станици на ракометниот карван. Целта е да се посетат прво сите поголеми центри, а потоа и останатите места, со една цел – што поголема регрутација на млади таленти во ракометот.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ