Суспензија од 30 дена заработија судиите Даниело Божиновски и Виктор Начевски. Причината за суспензијата е начинот на кој го водеа дербито меѓу Охрид и Алкалоид кое заврши нерешено (27-27), а скопјани негодуваа и по мечот испратија официјална жалба до РФМ.
Покрај судиите, казни заработија и претставници на двата клуба. Членот на управата на Алкалоид, Горан Минов, ќе треба да плати 40.000 денари, додека Славчо Ристески од ГРК Охрид е санкциониран со 25.000 денари.






