четврток, 9 април 2026

РФМ ги пушти во продажба билетите за полуфиналињата во Купот на Македонија

Ракометната федерација на Македонија денеска ги пушти во продажба билетите за завршниот турнир во Купот на Македонија кој оваа година ќе се игра во Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

По минатогодишното издание во Охрид, сега турнирот ќе се игра во салата „Парк“ во Струмица, а натпреварите се закажани на 17 и 18 април.

Билетите во продажба се пуштени само за полуфиналните средби, додека за финалињата дополнително ќе бидат објавени. Билетите може да се купуваат онлајн – ТУКА.

ПАРОВИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ:

Мажи 17 април:

17:00 Охрид – Пелистер

20:00 Алкалоид – Вардар

Жени 18 април

16:00 ЖРК Пелистер – ЖРК Ѓорче Петров

19:00 РК Спартак – ЖРК Чаир

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ