среда, 18 март 2026

РФМ формира две нови млади селекции, а одреди и изненадувачки домаќин на Купот

Ракометната федерација на Македонија одржа седница на Управниот одбор на која беа разгледани повеќе важни прашања.

Објавено на

часот

Сподели

Една од клучните одлуки беше формирање на две нови машки селекции. Тоа ќе бидат репрезентацијата за момчиња до 13 години која ќе ја води Филип Миркуловски, како и селекцијата до 15 години која му е доделена на Никола Матлиески.

Освен тоа, Управниот одбор го утврди и домаќинот на Купот на Македонија.

Се споменуваше дека домаќини може да бидат Битола или Охрид, меѓутоа домаќинството на крај го доби Струмица и салата „Парк“.

Таму во терминот од 17 до 19 април ќе се одржат завршните турнири кај мажите и жените.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ