Голем број на извори од Италија пренесуваат дека резервниот голман на Интер, Жозеп Мартинез бил инволвиран во сообраќајна несреќа со фатални последици.
На пат кон тренинг, тој удрил и усмртил постар маж во електрична инвалидска количка.
Голманот веднаш излегол да помогне, на местото пристигнале итна помош и хеликоптер за спасување, но за жал човекот бил починат.
Се претпоставува дека на 81 годишниот маж му се слошило и преминал во коловозната лента по која управувал Жозеп Мартинез.
Кристијан Киву денеска требаше да се појави пред медиумите во пресрет на натпреварот против Фиорентина, но по трагичниот настан ќе биде откажана прес конференцијата на тренерот на Интер.






