Холандскиот стопер секоја нова сезона во својата кариера ја започнувал со нов шеф на стручниот штаб, без разлика дали станува збор за Ајакс, Јувентус, Баерн Минхен или Манчестер јунајтед, што е редок, ако не и уникатен случај во модерниот фудбал.
Интересната хронологија изгледа вака:
• 2016/17: Петер Бош (Ајакс)
• 2017/18: Марсел Кајзер (Ајакс)
• 2018/19: Ерик тен Хаг (Ајакс)
• 2019/20: Маурицио Сари (Јувентус)
• 2020/21: Андреа Пирло (Јувентус)
• 2021/22: Масимилијано Алегри (Јувентус)
• 2022/23: Јулијан Нагелсман (Баерн Минхен)
• 2023/24: Томас Тухел (Баерн Минхен)
• 2024/25: Ерик тен Хаг (Манчестер Јунајтед)
• 2025/26: Рубен Аморим (Манчестер Јунајтед)
• 2026/27: ?
Фактот што де Лихт никогаш не започнал две последователни сезони со ист тренер дополнително ја нагласува нестабилноста на средините во кои настапувал, но и неговата способност брзо да се прилагодува на различни системи и филозофии. Останува да се види дали сезоната 2026/27 конечно ќе му донесе континуитет или оваа бизарна низа ќе продолжи.






