Мрежите мируваа на мечот меѓу Порто и Палмеирас, но имаше возбудувања и шанси на двете страни. Поблиску до победа беше бразилскиот тим кој може да жали што не ги освои трите бода.
Но, Бразил се израдува на триумф на Ботафого кој со 2-1 го совлада тимот на Сиетл Саундерс.
Со голови на Јаир и Игор Жесус во првото полувреме, Ботафого водеше со 2-0.
На 15 минути до крајот Роланд даде гол за Сиетл и донесе надеж дека поразот може да се избегне, сепак тоа не се случи.
Фото: X/Botafogo F.R. Vitor Silva