понеделник, 22 декември 2025
„Црвените“ соопштија лоши вести

Рекордното засилување на Ливерпул го чека долга пауза, Исак опериран

„Црвените“ доцна вечерва соопштија дека Александер Исак денеска бил успешно опериран за да се санира повредата заработена против Тотнем, напаѓачот ќе паузира со месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Првата сезона на Александер Исак на Енфилд се претвора во кошмар, напаѓачот против Тотнем го постигна само вториот гол, но наместо да се радува, падна во болка по еден задоцнет старт на Мики ван де Вен.

Тестовите ги потврдија стравувањата, па Швеѓанецот денеска бил опериран.

„По поставената дијагноза, денеска беше извршена операција за санација на повредата на скочниот зглоб, како и фрактурата на фибулата“ – се вели во дел од соопштението.

„Црвените“ не обелоденија колку долго Александер Исак ќе биде надвор од стројот, но се очекува најскапото засилување во историјата на Премиерлигата да паузира со месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ