вторник, 1 април 2025

Рекорден трипл-дабл и неверојатна асистенција на Јокиќ (ВИДЕО)

Никола Јокиќ се врати по паузата поради повреда и со фантастична партија го предводеше Денвер до победа над Милвоки со 127-117.

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ натпреварот го заврши со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Ова за него беше 30. трипл-дабл оваа сезона, а со тоа го урна рекордот на франшизата, стана играч на Денвер со најмногу трипл-дабл учиноци во текот на една сезона, но и претходниот беше во негова сопственост.

Шлаг на неговата одлична партија беше една луда асистенција до Гордон која веднаш стана вирална на социјалните мрежи.

Втор стрелец на Денвер беше Портер со 23 поени, имаше и 10 скокови. Најефикасен кај Милвоки беше Лопез со 26 поени.

Резултати:

Филаделфија – Вашингтон 114-119
Бруклин – Торонто 86-116
Индијана – ЛА Лејкерс 119-120
Њу Јорк – ЛА Клиперс 113-126
Денвер – Милвоки 127-117
Феникс – Бостон 103-132

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ