Наводно, Флорентино Перез се интересира за Сеск Фабрегас кој има фантастични резултати со Комо во Серија А и важи за еден од најталентираните млади тренери.
Интересно, Фабрегас потекнува од школата на Барселона и дел од сениорската фудбалска кариера ја мина во каталонскиот гигант.
Нејасно е дали ќе им се допадне на фановите на Реал Мадрид тренер да им биде човек на Барселона.
И прашање е дали самиот Фабрегас би сакал да биде тренер на Реал Мадрид.






