недела, 14 декември 2025

Реал Мадрид со вештачка интелегенција ќе се бори против повредите

Реал Мадрид ќе користи напредна технологија со вештачка интелигенција за да го намали бројот на повреди, по иницијатива на новиот тренер Чаби Алонсо.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанскиот стратег, кој летово го презеде тимот, веднаш побарал во тренинг-процесот да се интегрира системот „ТермоХјуман“. Оваа алатка со помош на термални камери и специјален софтвер открива промени во температурата на телото кои можат да укажат на ризик од повреда. Играчите се снимаат со специјална камера, а алгоритмот ги анализира снимките и ги споредува со голема база на податоци за да се откријат можни дисбаланси или преоптоварувања.

Алонсо веќе има искуство со оваа технологија од времето во Баер Леверкузен, а неа ја користат и клубови како Астон Вила и Ница. Од Реал објаснуваат дека „ТермоХјуман“ не е медицинска дијагностичка алатка, но дава вредни информации кои помагаат во превенцијата на повреди.

Минатата сезона Реал имаше сериозни проблеми со повреди и тоа беа вкупно 51, од кои 37 мускулни. Алонсо верува дека со правилна комбинација на технологија и стручна анализа, оваа бројка може значително да се намали.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ