четврток, 10 јули 2025

Реал Мадрид со убедлив триумф над Салцбург го завери местото во нокаут фазата (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 3-0 славеше над Салцбург и како прв во групата оди во нокаут фазата од Светското клупско првенство, таму ќе биде и Ал-Хилал кој со 2-0 беше подобар од Пачука.

Објавено на

часот

Сподели

Отпорот на Салцбург траеше до 40. минута кога Винисиус даде гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Во судиското продолжение од првото полувреме Винисиус со пета асистираше до Валверде кој го зголеми водството на Реал на 2-0.

Во 84. минута Гонзало Гарсија покажа дека може да биде важен напаѓач за Реал Мадрид, даде убав гол за конечни 3-0.

Ал Хилал со голови на Ал Давсари во 22. минута и на Маркос Леонардо во 95. минута дојде до победа од 2-0 над Пачука.

Реал Мадрид со седум бода го освои првото место, Ал Хилал со пет бода е втор, Салцбург освои четири бода и заврши како трет, а Пачука не освои бодови.

Фото: X/RealMadrid

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ