среда, 18 февруари 2026

Реал Мадрид ја доби првата битка со Бенфика (ВИДЕО)

Со прекрасен гол на Винисиус, Реал Мадрид ја победи Бенфика со 1-0 на нејзин терен и има солидна ситуација во пресрет на реваншот во Мадрид, ПСЖ со пресврт го победи Монако, а Дортмунд ја совлада Аталанта во Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид имаше слатка одмазда иако војната ќе трае уште едно полувреме. Кралскиот клуб беше подобар и заслужено победи, може и да жалат што не е со повеќе голови разлика.

Единствениот гол го постигна Винисиус жуниор во воведниот дел од второто полувреме. Играчот на Реал по дадениот гол направи хаос со својата реакција и предизвика навреди на расна основа по што мечот беше некое време во прекин.

Во текот на мечот Жозе Мурињо доби црвен картон, па нема да биде на клупата на Сантијаго Бернабеу.

Интересно беше во француската пресметка кога Балаган со два гола донесе водство на Монако од 2-0 против ПСЖ.

Потоа Витиња промаши пенал. Во 27. минута Дембеле излезе поради повреда, на негово место влезе Дуе и го сврте мечот.

Две минути подоцна постигна гол, а потоа и асистираше до Хакими за 2-2.

На почетокот на вториот дел Головин заработи црвен картон, а Дуе даде уште еден гол во 67. минута за победа на ПСЖ од 3-2.

Борусија Дортмунд со голови на Гираси и Бајер ја победи Аталанта со 2-0.

Претходно Галатасарај со 5-2 го победи Јувентус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ