сабота, 12 јули 2025
Инцидент на Светското клупско првенство

Реал Мадрид инволвиран во расистички скандал, имало и закани за тепачка (ВИДЕО)

На крајот од синоќешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Пачука, судијата го активираше протоколот за анти-расизам, дефанзивецот Антонио Ридигер добил расистички навреди од противничкиот играч Густаво Кабрал.

Објавено на

часот

Сподели

„Кралевите“ синоќа со 3-1 ја добија пресметката против Пачука на Светското клупско првенство, но финишот од натпреварот донесе скандал.

Судијата го активираше протоколот за анти-расизам, дефанзивецот Антонио Ридигер се пожалил дека бил цел на расистички навреди од противничкиот играч Густаво Кабрал.

Како што пренесуваат медиумите, при една кавга на теренот биле употребени зборовите „црно го*но“.

„Тони ни кажа што се случило, му веруваме и тој ја има целата наша поддршка. Ќе видиме што ќе се случи, мислам дека ФИФА го активираше протоколот и е отворена истрага. Доколку навистина се случило ова, сите мерки мораат да се активираат, недозволиво е вакви работи да се случуваат. Во фудбалот, има нулта толеранција за ова“ – рече тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо.

Веднаш се огласи и Густаво Кабрал, кој појасни дека не употребил расистички навреди, само термин кој често се употребува во Аргентина.

„Немаше ништо расистичко. Кажав „cagon de mierdа“ (навредлива фраза, се користи за некој што е плашлив, без храброст, кукавица, во стилот „пос*ана кукавица“), израз што често се употребува во Аргентина. Имавме еден дуел, тој ме удри, се пожали дека јас сум го удрил со рака. Дискутиравме, ништо повеќе. Судијата го активираше протоколот, но јас постојано го користев истиот термин, и тој не е расистички“.

„Потоа ми рече, „Ќе видиш надвор“ и почна да прави гестови дека ќе ме тепа. Се сретнавме и во тунелот, но се се заврши на вербална расправија“.

ФОТО: Print screen

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ