Во тимот има само една светла точка, тоа е Килијан Мбапе кој со својот допринос на теренот оваа сезона ги одржува шансите на Реал Мадрид за врвот.
Статистиката вела дека Мбапе има постигнато повеќе од половина од головите на Реал Мадрид оваа сезона. Од вкупно 50 погодоци, тој даде 28 и тоа на 23 натпревари.
Со двата гола на вчерашниот меч против Талавера во Купот на Шпанија, тој дојде до бројка од 58 голови за 2025 и се доближи на еден погодок до рекордот на Кристијано Роналдо за дадени погодоци во една календарска година во Реал Мадрид.
Најдобра слика за тоа каква е ситуацијата во Реал Мадрид и колку тимот е зависен од Мбапе говори фактот дека втор стрелец е Винисиус со само пет голови, а последниот го постигна на 4 октомври против Виљареал.






