„Кралевите“ на почетокот од летото ги ангажираа Дин Хујсен, Трент Александер Арнолд и Франко Мастантуоно, а кроењето на тимот за сезоната 2025/26 го продолжија со Алваро Карерас.
Чаби Алонсо смета дека се потребни уште засилувања, приоритет е нов фудбалер од средниот ред, а по можност и нов централен дефанзивец и нов напаѓач.
Но како што пренесува Кадена КОПЕ, во Реал Мадрид донеле финална одлука, Флорентино Перез и неговите соработници решиле дека ќе нема нови трансфери.
Тие сметаат дека оваа група е повеќе од доволна за да се борат за сите титули во новата сезона, па Чаби Алонсо ќе треба да донесе успех со фудбалерите кои веќе ги има на располагање.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.






