сабота, 7 јуни 2025

Реал Мадрид го потврди ангажманот на Трент Александер-Арнолд

Реал Мадрид денеска и официјално го потврди ангажманот на Трент Александер-Арнолд кој со ,,кралевите” ќе потпише договор на шест години со важност од 1 јуни 2025 до 30 јуни 2031 година.

Објавено на

часот

Сподели

Арнолд (26) пристигнува во Мадрид со богато искуство и девет титули во дресот на Ливерпул, меѓу кои и една Лига на шампиони, Светско клупско првенство, Суперкуп на Европа, две титули во Премиер-лигата, ФА Куп, две Лига купа и Суперкуп на Англија.

Фудбалерот, кој целата своја досегашна кариера ја мина во Ливерпул, е стандарден член на англиската репрезентација од 2018 година и настапи на два Светски првенства (2018 и 2022), како и на Европското првенство во 2024.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ