среда, 10 декември 2025
„КРАЛЕВИТЕ“ ПОВТОРНО СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ВО КОНТИНУТИТ СЕ ОШТЕТЕНИ

Реал Мадрид го искористи нашиот Димитриевски за да ги обвини судиите за двојни аршини (ВИДЕО)

ТВ каналот на Реал Мадрид излезе со ново видео во кое обвинува за двојни аршини и одлуки на штета на „кралевите“, го искористија и нашиот Столе Димитриевски, кој минатата сезона го „намести“ Винисиус Жуниор да заработи црвен.

Објавено на

часот

Сподели

ТВ каналот на Реал Мадрид редовно има емисии во кои се говори за судиската неправда која им е нанесена, а синоќешниот натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Рајо Ваљекано.

Тие се чудат како домашниот играч Коке не бил исклучен за потегот кога го фати за врат противничкиот голман и го турна на земја.

Споредуваат со една слична ситуација од минатата сезона, кога нашиот Столе Димитриевски го „намести“ Винисиус Жуниор да заработи црвен.

На тензичното дерби на Местаља, Винисиус Жуниор беше исклучен откако во глава го удри Македонецот во еден дуел без топка.

„На Метрополитано, Коке не доби црвен и покрај тоа што го фати голманот на Рајо за врат и го турна на земја. Главниот судија не му покажа црвен, ниту пак се огласи ВАР, многу поразлично од она што се случуваше на Местаља минатата сезона при една слична акција. Тогаш ВАР проверуваше, но заборави да покаже како голманот го провоцираше Винисиус… кој потоа доби црвен“ – посочуваат од Реал Мадрид ТВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ