среда, 2 април 2025

Реал Мадрид добро се испоти за да го победи Леганес

Кралскиот клуб со 3-2 го совлада Леганес кој водеше по првото полувреме на Сантијаго Бернабеу.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид поведе со гол од пенал на Мбапе во 32. минута, но гостите само што тргнаа од центарот го израмнија резултатот преку Гарсија.

На четири минути до крајот на првиот дел, Раба погоди за комплетен пресврт и водство на Леганес од 2-1.

По две минути игра во вториот дел, Белингем најдобро се снајде во една мешаница и погоди за 2-2.

На 15 минути до крајот Килијан Мбапе погоди од слободен удар за победа на Реал Мадрид од 3-2.

Ова беше негов прв гол од слободен удар во кариерата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ