четврток, 19 март 2026

Реал Мадрид без Куртоа против Баерн Минхен

Лоши вести за фановите на Реал Мадрид и тоа пак поради повреди, овојпат се работи за првиот чувар на мрежата, Тибо Куртоа кој би можел да ги пропушти четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Објавено на

часот

Сподели

Куртоа беше изваден на полувремето од мечот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид поради мускулна повреда.

Тој претрпел повреда на мускулот во предниот ректум на десниот квадрицепс, соопшти Реал Мадрид.

Според шпанските медиуми, Куртоа ќе биде во аут неколку недели и би можел да ги пропушти и двата дуели со Баерн Минхен од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Некои прогнозираат дека ќе се врати дури во мај.

Проблем со голманите имаше и Баерн Минхен, но Мануел Ноер веќе почна со тренинзи и би можел да биде подготвен за мечевите со Реал Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ