Барселона по продолженија го победи Реал Мадрид со 3-2 во финалето на Купот на Шпанија во натпревар на кој атмосферата беше наелектризирана уште пред да почне мечот поради барањето на кралскиот клуб да бидат променети судиите.
Ситуацијата кулминираше во 122. минута кога Реал Мадрид очајно бркаше израмнување, а судијата Де Бургос свирна фаул во корист на Барселона и стави крај на сите надежи на белите.
Во тој момент целата клупа на Реал Мадрид скокна да се буни, Васкез и Винисиус Жуниор влегоа на терен, а Ридигер го гаѓаше судијата со мраз и сакаше да се пресмета со него.
Дефанзивецот доби црвен картон, но не се смири, тргна физички да се пресмета со судијата, но беше задржан од неколку лица.
Шпанските медиуми најавуваат дека суспензијата за Ридигер може да биде од четири до 12 натпревари.
Покрај Ридигер во хаотичната завршница црвени картони добија и Лукас Васкез и Џуд Белингем, но за нив се очекува поблага суспензија, од 2 до 3 натпревари.
This is sick and disgusting. A team full of entitled babies. And Rudiger is an animal. Should get a lengthy ban from football, imo.pic.twitter.com/3WfEdCYcMO https://t.co/QMcJ2ERyLd
— 🇳🇴 kimmoFC (@kimmoFC) April 26, 2025