Според информациите на „Моцарт Спорт“, Раул Гонзалез договорил двегодишна соработка со ракометниот клуб Партизан.
Тој на клупата на црно-белите ќе седне во јуни кога од функцијата ќе си замине актуелниот тренер Ѓорѓе Чирковиќ.
Српскиот клупски ракомет одамна не бил конкурентен во Европа, но со доаѓањето на Раул Гонзалес се наговестува сериозен проект.
Тој веќе е селектор на Србија, па работата во Партизан ќе му помогне и повеќе да го следи српскиот ракомет.






