петок, 13 март 2026

Распродадено „вечното“ дерби, одреден терминот и судиите за дуелот на Пелистер и Вардар

Ракометното дерби на Македонија меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра в недела.

Фото: Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Во рамките на второто плеј-оф коло од Суперлигата битолчани ќе го дочекаат лутиот ривал, а ќе имаат сериозна поддршка од трибините. Салата „Боро Чурлевски“ беше веднаш распродадена, па нè очекува вистински спортски празник.

Натпреварот е закажан в недела во терминот од 19:00 часот.

РФМ ги одреди и официјалните лица, па така судии на средбата ќе бидат Ненад Николовски и Исмаил Металари, додека делегати ќе бидат Начевски и Мирчески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ