сабота, 14 март 2026

Расел победи на спринт трката во Кина

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел победи на спринт трката во Кина, тој патеката во Шангај ја мина прв пред двоецот од Ферари, Леклер и Хамилтон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова беше и прва спринт трка оваа сезона во Формула 1, а Мерцедес и Ферари потврди дека сега за сега се главни конкуренти за титулата.

Трката ја одбележа жестоката борба за водство во почетните кругови. Расел тргна од првата стартна позиција во трката од 19 кругови, за разлика од минатиот викенд во Австралија, овојпат успеа да го задржи водството на првите кривини. Сепак беше престигнат од Луис Хамилтон на деветтата кривина. Двајцата неколку круга се бореа за водечката позиција се до петтиот круг кога Расел го направи одлучувачкиот потез во остра кривина и направи предност пред Хамилтон и Леклер.

Леклер на крајот беше подобар од својот тимски возач Хамилтон и заврши како втор со само 0,6 секунди заостанување зад Расел.

На четвртото место заврши Ландо Норис од Мекларен, а петти беше Кими Антонели од Мерцедес, бодови освоија уште и Оскар Пјастри, Лиам Лоусон и Оли Берман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ