недела, 13 јули 2025

Рамос не дозволи Интер да го победи Монтереј (ВИДЕО)

Во првото коло од Светското клупско првенство, Интер одигра само 1-1 против мексиканскиот тим Монтереј, а најзаслужен за бодот на гостите е Серхио Рамос кој го постигна голот за нив.

Објавено на

часот

Сподели

Со вчерашниот меч почна ерата на Кристијан Киву на клупата на Интер, но првиот резултат не беше таков каков што посакува.

Нероазурите се сретнаа со Монтереј во првото коло и важеа за сериозен фаворит, но не успеаа да победат.

Резултатот го отвори Серхио Рамос во 25. минута кога погоди со глава за водство на Монтереј од 1-0.

На три минути пред крајот на првиот дел Лаутаро Мартинез даде гол за израмнување на 1-1, што беше и конечен резултат.

Во вториот дел Интер се обидуваше да направи комплетен пресврт, но не успеа.

Ноќеска се одигра уште еден меч, јужноафриканскиот тим Мамелоди со 1-0 беше подобар од Улсан од Јужна Кореја.

Единствениот погодок беше дело на Рајнерс во 36. минута од натпреварот.

Денот почна со ремито меѓу Флуминенсе и Борусија Дортмунд кое заврши без голови.

Потоа Ривер Плата со 3-1 ја победи Урава. Головите за аргентинскиот тим ги постигнаа Колидио, Дриуси и Меза, а за Јапонците погоди Матсуо од пенал.

Фото: X/Rayados

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ