среда, 25 февруари 2026

Ракометот остана во втор план, навивач почина на трибините на натпревар од ЕЛ

Ракометот беше во втор план на натпреварот од Европската лига на ЕХФ меѓу Флензбург и Монпелје (40-35).

Објавено на

часот

Сподели

На трибините во Германија пред стартот на средбата одеднаш сите занемеа, запре најавата на натпреварот и навивањето на навивачите. Причината беше тоа што на еден навивач му се слоши, а потоа тој трагично почина на трибината.

Лекарските екипи се обидоа да го реанимираат германскиот навивач, меѓутоа безуспешно.

По натпреварот и директорот на Флензбург, Холгер Гландорф ја потврди оваа информација и изрази сочувство за семејството.

За жал, сите мерки кои ги презедоа лекарите беа неуспешни. Нашите мисли се со семејството и пријателите на починатиот навивач. Ракометот е ставен во втор план“, прокоментира Гландорф.

Победата на Флензбург на крајот има горчлив вкус поради трагедијата на трибините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ