Повторно на теренот ќе истрчаат многу македонски ракометни легенди, како Лазаров, Стоилов, Миркуловски, Ристовски, а ќе настапат и рагометари од претходните генерации како, Пепи Манасков, Царчев… Веќе се потврдени имињата кои ќе настапат за двата тима.
Македонија: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Петар Ангелов, Бранко Ангеловски, Владо Недановски, Гоце Георгиевски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Горан Кузманоски, Пепи Манасков, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Александар Царчев, Звонко Шундовски, Горан Ѓоргоноски.
За европските ѕвезди ќе настапат многу поранешни европски прваци со Вардар, а од останатите голем дел играле во Македонија во некој дел од кариерата.
Европа: Арпад Штербик, Страхиња Милиќ, Иван Чупиќ, Жоан Канељас, Данил Шишкарев, Игор Карачиќ, Златко Хорват, Мануел Штрлек, Вуко Борозан, Ренато Вугринец, Горан Шпрем, Илија Абутовиќ, Жељко Муса, Петар Ѓорѓиќ, Мирза Шариќ.

Што се однесува до тренерските имиња, освен нашите стручњаци, гости ќе бидат и Лино Червар и Веселин Вујовиќ, ривалите од времето на Металург и Вардар, но и поранешни селектори на Македонија.
Од судиската фела тука ќе бидат најистакнатите македонски имиња како: Марјан Начевски, Драган Начевски, Славе Николов, Ѓорѓи Начевски, Силвана Карбеска и Марија Илиева.
За овој натпревар има уште достапни билети, а истите се во продажба преку мрежата на „TicketX.mk“.






