недела, 13 април 2025

Ракометарките ќе поделат 1,5 милиони денари ако се пласираат на СП

Ракометната федерација на Македонија одлучи да ја награда женската репрезентација доколку успешно го заврши баражот и се пласира на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Пред македонските ракометарки е бараж двомеч со Полска, првиот меч го играме на 9 април од 20:30 часот на гостински терен, а реваншот е во Битола на 12 април од 19 часот.

За евентуален пласман на Мундијалот, РФМ одреди премија за ракометарките.

„Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 07.04.2025 година донесе одлука за доделување на парична награда.
Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска женска ракометна репрезентација за успешен пласман на претстојното светско првество преку квалификациски бараж натпревари против репрезентацијата на Полска во рамки на Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2 во висина од 1.500.000,00 денари нето износ“, стои во соопштението на РФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ