понеделник, 12 јануари 2026

Ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за вториот дел од сезоната, целта е јасна – титула

Двократниот европски шампион, РК Вардар денеска во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ ги стартуваше подготовките за преостанатиот дел од сезоната.

Објавено на

часот

Сподели

Под палката на Иван Чупиќ, се собраа ракометарите кои немаат репрезентативни обврски.

Планот е деновиве да се тренира во Скопје каде ќе биде одработена првата фаза од подготовките. На 29 јануари тимот ќе патува во Словенија, таму ќе се настапи на подготвителен турнир каде ќе бидат уште и екипите на Загреб, Сесвете, словенечки Слован…

Интересно, за првпат нема ниту еден вардарец на списокот на македонската репрезентација за Европското првенство откако не беше повикан Милан Лазаревски кој уште не беше 100 проценти подготвен по опоравувањето од повредата.

Но, има странски ракометари кои се репрезентативци на своите земји како што се Марек Марчињак, Виктор Јанковски и Милош Валах кои конкурираат за настап на ЕП во селекцијата на Полска, Урош Митровиќ е со Србија, а Никола Боно има репрезентативни обврски со Аргентина.

Првиот меч од продолжението на сезоната Вардар ќе го има на 7 февруари против Куманово.

По 18 одиграни кола Вардар е лидер на табелата со 34 бодови, четири повеќе од Пелистер, а пет од Охрид и Алкалоид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ