Во отсуство на конфициониот тренер Петар Баснарков кој остана во Скопје поради позитивен тест на ковид-19, Ацо Јоновски се грижи за физичкиот дел од тренинзите.
Под негово водство ракометарите правеа склекови, а во позадина одеше „Послушајте патриоти“.
Денеска од 18 часот Македонија игра со Словенија во првото коло на Европското првенство. Овој дуел може да биде клучен за пласман во следната фаза од шампионатот.






