Вардар на 4. февруари загуби од Нексе во Скопје, а сега е поразен од истиот тим и во Нашице, иако само некој ден претходно блескаше во Лигата на шампионите.
Тимот на Дејвис одигра лошо прво полувреме, по 15 минути игра Нексе веќе имаше водство од 10-4. До крајот на првиот дел Вардар успеа да ја намали негативата на три голови разлика, на одморот се замина со 15-12 за хрватскиот тим.
Во второто полувреме Вардар беше подобар, во 47. минута дојде на -1, губеше со 20-19 и изгледаше како да може да го сврти мечот, но не успеа, финишот му припадна на Нексе кој на крајот заслужено победи со 28-25.
Халил Јагањац со седум и Предраг Вејин со шест гола беа најефикасни, а кај Вардар Куни Моралес постигна седум, Оливие Њокас четири. Томовски заврши со осум одбрани, од кои шест во второто полувреме.






