среда, 24 декември 2025

Вардар врза две победи во Лигата на шампиони, со фуриозен финиш совладан Загреб

Објавено на

часот

Сподели

Вардар сам решава за својата судбина во Лигата на шампиони откако вечерва стигна до победа од 20-19 над ППД Загреб во 12. коло од Групата А . Во тежок натпревар со малку голови, избраниците на Давид Дејвис со фуриозен финиш стигнаа до голем триумф во борбата за нок-аут фаазта.

„Црвено-црните“ на полувреме заминаа со два позитива (11-9), но гостите во продолжението брзо ја анулираа предноста, потоа се играше гол за гол и се влезе во тензична завршница.

Како клучна се покажа серијата на Вардар од 4-1 кога се кршеше резултатот во последните 10 минути. ППД Загреб со два брзи гола во финишот се врати во игра, дури имаше и напад за изедначување, но домаќините се одбранија и врзаа две победи во Лигата на шампиони.

Талески и Оливие Њокас со по четири гола беа најдобри поединци во редовите на Вардар, додека Борко Ристовски кој бранеше само во второто полувреме забалежа шест одбрани.

Со овој триумф Вардар ги мина Загреб и Елверум на табелата и на следните два натпревари, против Мешков Брест на гости и Елверум дома, „црвено-црните“ сами ќе си ја кројат судбината за пласман во осминафинале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ