среда, 10 декември 2025

Вардар со убедлива победа над Елверум ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите

Објавено на

часот

Сподели

Вардар одлично тргна во мечот, поведе со 4-0 на почетокот, но Елверум успеа со тек на време да влезе во мечот и да ја намали негативата. На одморот се замина со 17-16 за македонскиот тим.
 
Во второто полувреме Елверум го сврте мечот, на двапати дури имаше предност и од три гола разлика, но Вардар одигра најдобро кога се решаваше мечот. Откако го вратија водството направија фантастична серија во последните минути и на крајот славеа со девет голови разлика 39-30.
 
Најефикасен кај Вардар беше Тимур Дибиров со седум голови, Оливие Њокас даде шест, по пет дадоа Кевин Њокас, Валчак и Тото. Томовски натпреварот го заврши со девет интервенции. Во составот на Елверум Ерик Јохансон даде осум гола, Нилсен седум.
 
Вардар го освои петтото место во групната фаза од Лигата на шампионите, противник во осминафиналето ќе му биде тимот на Веспрем.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ