среда, 24 декември 2025

Вардар службено го доби Мешков и обезбеди осминафинале во Лигата на шампиони

Објавено на

часот

Сподели

ЕХФ во понеделникот донесе одлука да ги исклучи тимовите од Русија и Белорусија од натпреварувањата под нивна капа.

Па денеска оваа одлука беше применета во пракса и Вардар доби службена победа против Мешков Брест, дуелот кој беше откажан поради воената интервенција на Русија во Украина.

По ваквиот развој на настаните, „црвено-црните“ го осигураа петтото место во својата група и обезбедија осминафинале во Лигата на шампиони.

Мечот на Варадр против Елверум во Скопје следната недела сега ќе нема никакво резултатско значење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ