понеделник, 22 декември 2025

Вардар се раздели со Ален Ќосевски

Ракометниот клуб Вардар информираше дека спогодбено го раскинува договорот со крилниот ракометар, Ален Ќосевски.

Објавено на

часот

Сподели

Иако Вардар најави дека ќе гледа да потпише што е можно повеќе македонски ракометари, сепак еден таков го напушта клубот.

Вардар и Ален Ќосевски спогодбено го раскинаа договорот

Ракометниот клуб Вардар и десното крило Ален Ќосевски спогодбено го раскинување договорот, и играчот е веднаш слободен.

Ален е дете на Вардар, потекнува од младинскиот погон и од екипата на Вардар Јуниор, а од 2019 година е дел од првиот тим. Во црвено-црниот дрес тој помина повеќе сезони во кои прерасна од перспективен млад играч во стандарден член на тимот.

Во овој период Ќосевски беше дел од генерации кои испишуваа важни страници во историјата на Вардар, освојувајќи трофеи на домашната сцена и носејќи го дресот на клубот на ниво што обврзува.

Вардар му се заблагодарува на Ален за сите години поминати во клубот, за професионалниот однос и за придонесот што го даде и на терен и во соблекувалната. Клубот му посакува многу здравје, среќа и успех во продолжението на неговата кариера“, стои во соопштението на РК Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ