ЕХФ денеска соопшти дека Вардар добил службена победа на одложениот меч со Мешков Брест, па во пресрет на последното коло, „црвено-црните“ имаат три бода повеќе од Елверум и се безбедни на петтото место на табелата.
Избраниците на Давид Дејвис исто така го дознаа и противникот во осминафиналето од Лигата на шампиони.
Мотор Запорожје не е во можност да игра ракоемет, доделени се службени победи на ПСЖ и Барселона, со тоа се одреди и изгледот на Групата Б, Веспрем остана без шанси за промена на позицијата, и тој како четвртопласиран ќе му биде противник на Вардар на почетокот од нок-аут фазата.






