сабота, 13 декември 2025

Талески ја реши драмата во Кавадарци и му донесе нов трофеј на Вардар

Објавено на

часот

Сподели

Вардар е на прагот да ја освои двојната круна оваа сезона откако денеска по 15. пат го крена трофејот од Купот на Македонија.
 
Вардар и Пелистер одиграа драматично финале во одлична атмосфера, на крајот црвено-црните слават, а зелените има за што да жалат.
 
Скопскиот тим имаше фантастично отворање на мечот, но застана во 17. минута. Тогаш Вардар водеше со 8-4 и му се случи неверојатна блокада, не можеше да даде гол па Еурофарм Пелистер направи серија од 8-0 и со 12-8 замина на одморот.
 
Во добар дел од второто полувреме Еурофарм Пелистер ја одржуваше позитивата од четири разлика, на моменти имаше и пет, но во финишот Вардар почна да ја намалува негативата и го однесе мечот во драматична завршница во која тие беа поуспешни.
 
Шлагот на тортата за Вардар беше шутот на Филип Талески во последните секунди со кои победија со 23-22 и го освоија Купот на Македонија.
 
Еурофарм Пелистер беше на чекор до титулата и во првенството и во купот, но Вардар покажа победнички карактер и е на прагот да ја освои двојната круна.
 
Филип Талески покрај тоа што го постигна победничкиот гол беше и најефикасен со шест голови, пет постигна Ѓукиќ, кај Пелистер по пет дадоа Периќ и Граѓан.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ