Прелиминарното сослушување на кое се појави Ѓоковиќ беше од процедурална природа, се договараа роковите за поднесување на целосната документација, времето и начинот на судење.
Одбраната на Ѓоковиќ бараше тричлено судење, додека бранителот на Австралија се противеше на тоа и преферираше судењето да го врши еден судија.
Неколку часови по рочиштетот стигна информација дека е прифатено барањето на одбраната на Ѓоковиќ и судскиот процес ќе го водат тројца судии. Во тој случај министерот Алекс Хоук не би можел повторно да се жали на одлуката.
Тоа значи дека Ѓоковиќ извојува почетна победа, има подобра позиција, но не може да се претпостави каква ќе биде одлуката на судиите.
Стартот на судењето е закажано за 23:30 часот по наше време, одлуката би требало да биде донесена во раните утрински часови.
Во меѓувреме Ѓоковиќ повторно е во притвор во имиграцискиот хотел и таму ќе биде се до почетокот на судењето.






